
– Показното светло за функциското копче A продолжува да трепка.
– Дигиталното екранче го покажува моменталното ниво.
Пример: дигиталното екранче покажува
= ниво 3
6. Притиснете го функциското копче А еднаш за да го зголемите нивото на
омекнувачот на вода за еден чекор.
7. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја меморирате
поставката.
КОРИСТЕЊЕ НА СОЛ ЗА МАШИНА ЗА МИЕЊЕ САДОВИ
ВНИМАНИЕ
Користете само специјална сол за машини за миење садови. Сите останати видови
сол, кои не се наменети за машини за миење садови, ќе го оштетат омекнувачот на
водата.
ВНИМАНИЕ
Зрнцата сол и солената вода на дното од уредот можат да предизвикаат корозија. За
да го спречите ова, всипете ја солта пред да стартувате целосна програма за миење.
Постапете вака за да го наполните садот за сол:
1. Завртете го капачето од садот за сол во лево и симнете го.
2. Наполнете го садот за сол со 1 литар вода (само првиот пат).
3. Употребете ја инката за да го
наполните садот за сол.
4. Отстранете ја солта околу отворот на садот за сол.
5. Завртете го капачето од садот за сол.
Вообичаено е од садот да претече вода кога всипувате сол.
Кога ќе го поставите нивото на омекнувачот на вода на ниво 1, показното светло за
сол не останува запалено.
10 Користење на сол за машина за миење садови
Commenti su questo manuale