
13. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
13.1 Вовед
Апаратот не се вклучува или
прекинува додека работи.
Прво, обидете се да најдете решение
за проблемот (погледнете во
табелата). Ако повторно се појави
проблемот, контактирајте со Овластен
сервисен центар.
Кај некои проблеми, звучните
сигнали работат и на екранот се
прикажува шифра за тревога:
•
- Апаратот не се полни
правилно со вода.
• - Апаратот не ја испушта
водата.
• - Капакот на апаратот или
вратата на барабанот се отворени
или не се правилно затворени.
Проверете ги обете!
• - Напојувањето со струја е
нестабилно. Почекајте додека не се
стабилизира напојувањето со
струја.
• - Вклучена е заштитата од
поплавување. Исклучете го
апаратот и затворете ја славината
за вода. Стапете во контакт со
Овластен сервисен центар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Исклучете ја машината
пред да ги направите
проверките.
13.2 Можни дефекти
Проблем Можно решение
Програмата не почнува
да работи.
Проверете дали приклучокот за струја е вклучен во
штекерот.
Проверете дали капакот на апаратот и вратите на баработ
се добро затворени.
Проверете дали има оштетен осигурувач во таблата со
осигурувачи.
Проверете дали е притиснато копчето Старт/Пауза.
Доколку е поставен одложен почеток, откажете ја
поставката или почекајте да заврши одбројувањето.
Доколку е вклучена, исклучете ја функцијата Блокада за
деца.
Апаратот не се полни
правилно со вода.
Проверете дали е отворена славината за вода.
Проверете дали е многу низок притисокот во доводот за
вода. За овие информации, јавете се во локалното
водостопанство.
Проверете дали е затната славината за вода.
www.aeg.com50
Commenti su questo manuale