
Проблем Можно решение
Фазата на центрифуга
не работи или циклусот
на перење трае
подолго од вообичаено.
• Поставете ја програмата за центрифугирање.
• Проверете да не е затнат одводниот филтер. Исчистете
го филтерот доколку е потребно. Погледнете во „Нега и
чистење“.
• Распоредете ги рачно алиштата во барабанот и
повторно пуштете ја фазата на центрифугирање. Овој
проблем може да е предизвикан од проблеми со
рамнотежата.
На подот има вода.
• Проверете дали спојките на цревата за вода се
стегнати и дали протекува вода.
• Погрижете се цревото за довод на вода и цревото за
одвод на вода да не е оштетено.
• Проверете дали користите соодветен детергент и
соодветна количина од него.
Не можете да го
отворите капакот на
апаратот
• Проверете дали е завршена програмата за перење.
• Поставете ја опцијата за цедење или за
центрифугирање доколку има вода во садот.
•
Апаратот прави
невообичаена бучава и
вибрира.
• Проверете дали апаратот е правилно нивелиран.
Видете во „Инструкции за монтажа“.
• Проверете дали е отстранета амбалажата и/или
транспортните завртки. Видете во „Инструкции за
монтажа“.
• Додајте уште алишта во барабанот. Полнењето со
алишта можеби е премало.
Времетраењето на
програмата се
зголемува или
намалува за време на
извршувањето на
програмата.
• Функцијата ProSense може да го приспособува
времетраењето на програмата според типот и
количината на алишта за перење. Видете во „ProSense
детекција на тежина“ во поглавјето „Секојдневна
употреба“.
Резултатите од
перењето не се
задоволителни.
• Зголемете го количеството детергент или употребете
друг.
• Користете специјални производи за да ги отстраните
тврдокорните дамки пред да ги перете алиштата.
• Проверете дали сте ја поставиле точната температура.
• Намалете го полнењето со алишта.
Премногу пена во
барабанот за време на
циклусот на перење.
• Намалете ја количината на детергент.
По циклусот на перење,
има остатоци од
детергент во фиоката
за детергент.
• Проверете дали клапната е во правилна положба (лево
за детергент во прашок - десно за течен детергент).
• Проверете дали сте ја користеле фиоката за детергент
според индикациите наведени во ова упатство за
корисници.
www.aeg.com32
Commenti su questo manuale