AEG BS836680HM Libro delle Ricette Pagina 10

  • Scaricare
  • Aggiungi ai miei manuali
  • Stampa
  • Pagina
    / 36
  • Indice
  • SEGNALIBRI
  • Valutato. / 5. Basato su recensioni clienti
Vedere la pagina 9
Покријте ја тавата со капак и ставете
ја во рерната.
Време во апаратот (мин): 140
Ниво на решетка: 1
5. ЈАДЕЊА ВО ПЕЧКА
5.1 Лазањи:
За 4 лица.
Состојки за сосот со месо:
100 g сланина од пафлак
1 кромид
1 морков
100 g целер
2 супени лажици маслиново масло
400 g мелено месо (мешавина од
јунешко и свинско)
100 ml супа од месо
1 мала конзерва домати, на
парчиња (околу 400 g)
оригано, тимијан, сол и црн пипер
Состојки за сосот бешамел:
75 g путер
50 g брашно
600 ml млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
3 супени лажици путер
250 g елени листови за лазањи
50 g пармезан, рендан
50 g меко сирење, рендано
Метод:
Со остар нож, отстранете ги кората
и ’рскавицата од сланината и ситно
исечкајте ја. Излупете ги кромидот и
морковот, исчистете го целерот,
исечкајте го сиот зеленчук на ситни
коцки. Загрејте го маслото во тава и
мешајќи постојано запржете ги
сланината и зеленчукот исечкан на
коцки. Постепено додавајте го
меленото месо, запржете го со
постојано мешање додека не стане
зрнесто и додајте го бујонот од месо
за да се растворат соковите. Зачинете
го сосот од месо со пирето од домат,
билките, солта и црниот пипер и
варете го покриен на тивок оган околу
30 минути. Во меѓувреме, подгответе
го бешамелот: Растопете го путерот
во тава, додајте го брашното и со
постојано мешање пржете додека не
добие златна боја. Постепено и со
постојано мешање налејте го млекото.
Зачинете го сосот со сол, црн пипер и
мускатно оревче и варете го отворено
околу 10 минути. Премачкајте голем
правоаголен огноотпорен сад со 1
супена лажица путер. Наизменично,
слоевито редете ги во садот
листовите од тестенината, сосот од
месо, бешамелот и измешаното
сирење. Последниот слој треба да
биде бешамел посипан со сирење.
Остатокот од путерот наредете го во
мали парчиња врз јадењето.
Време во апаратот (мин): 55
Ниво на решетка: 2
5.2 Канелони:
За 4 лица.
Состојки за филот:
50 g кромид, сечкан
30 g путер
350 g спанаќ, сечкан
100 g кисела павлака
200 g свеж лосос, сечкан на коцки
200 g гргеч, сечкан на коцки
150 g шкампи
150 g месо од школки
сол, црн пипер
Состојки за сосот бешамел:
75 g путер
50 g брашно
600 ml млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
1 пакетче канелиони
50 g пармезан, рендан
150 g рендано сирење
40 g путер
Метод:
Ставете ги кромидот и путерот во тава
и гответе ги полека додека не станат
проѕирни. Додајте ги сечканите
листови спанаќ и варете ги кратко и на
тивок оган. Додајте ја киселата
павлака, промешајте и потоа оставете
www.aeg.com10
Vedere la pagina 9
1 2 ... 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 ... 35 36

Commenti su questo manuale

Nessun commento