во садот. Месете ги состојките додека
не се добие изедначено тесто кое се
одвојува од чинијата. Покријте го
тестото и оставете го да нарасне на
топло место додека не стане двојно
поголемо. Расукајте го тестото и
ставете го во подмачкан плех за
печење, избодете го дното со
вилушка. Ставајте ги состојките за
филот врз тестото по дадениот
редослед.
• Време во апаратот (мин): 25
• Ниво на решетка: 1
6.2 Солен колач со кромид:
За 4-6 лица.
Состојки за тестото:
• 300 g брашно
• 20 g квасец
• 125 ml млеко
• 1 јајце
• 50 g путер
• 3 g сол
Состојки за преливот:
• 750 g кромид
• 250 g сланина
• 3 јајца
• 250 g кисела павлака
• 125 ml млеко
• 1 лажичка сол
• 1/2 кафена лажичка мелен црн
пипер
Метод:
Просејте го брашното во чинија за
мешање, направете дупка во
средината. Исечете го квасецот,
ставете го во дупката, измешајте го со
млекото и со малку брашно од работ.
Наросете брашно, оставете го да
кисне на топло место додека
наросеното брашно на квасецот не
испука. Ставете ги јајцето и путерот на
работ од брашното. Сето заедно
измесете го во изедначено квасно
тесто. Оставете го тестото да нарасне
на топло место додека не стане
двапати поголемо. Во меѓувреме,
излупете го и исечете го кромидот на
четвртинки и потоа исечете го на
тенки резанки. Исечете ја сланината
на коцки и пржете ја на тивок оган со
кромидот, но да не се препржи.
Оставете ја да се излади. Расукајте го
тестото и ставете го на подмачкан
плех за печење, избодете го од долу
со вилушка и притиснете ги рабовите
да се подигнат. Оставете го повторно
да нарасне. Измешајте ги заедно
јајцата, киселата павлака, млекото,
солта и црниот пипер. Нанесете ги
изладениот кромид и сланината на
основата на тестото. Ставете ја
мешавината насекаде и израмнете.
• Време во апаратот (мин): 45
• Ниво на решетка: 1
6.3 Француски киш:
За 2-4 лица.
Состојки за тестото:
• 200 g брашно
• 2 јајца
• 100 g путер
• 1/2 кафена лажичка сол
• малку црн пипер
• 1 прстофат мускатно оревче
Состојки за преливот:
• 150 g рендано сирење
• 200 g варена шунка или посна
сланина
• 2 јајца
• 250 g кисела павлака
• сол, црн пипер и мускатно оревче
Друго:
• Црн плех за печење, подмачкан, со
дијаметар од 28 cm
Метод:
Ставете брашно, путер, јајца и зачини
во чинија за мешање и измешајте до
изедначено тесто. Оставете го тестото
да стои во фрижидер неколку часови.
Потоа развлечете го тестото и ставете
го во подмачканиот црн плех за
печење. Избодете го дното со
вилушка. Распоредете ја сланината
врз тестото. За да го направите
филот, измешајте ги заедно јајцата,
киселата павлака и зачините. Потоа
додајте го сирењето. Истурете го
филот врз сланината.
• Време во апаратот (мин): 45
• Ниво на решетка: 1
6.4 Пита со сирење:
Состојки:
www.aeg.com14
Commenti su questo manuale