Искршете го чоколадото на големи
парчиња и стопете го во сад на пареа
или вода. Изматете ги заедно путерот,
шеќерот, ванилиниот шеќер, солта и
водата, додајте ги јајцата и стопеното
чоколадо. Оревите исечкајте ги
крупно, измешајте ги со брашното и
прашокот за печиво и вмешајте ги во
чоколадната мешавина. Обложете
длабок плех за печење со хартија за
печење, ставете ја смесата внатре и
израмнете.
• Време во апаратот (мин): 50
• Ниво на решетка: 3
По печењето:
Оставете да се излади, отстранете ја
хартијата за печење и исечете на
квадрати.
7.3 Капучино торта:
За 4-6 лица.
За мешавината:
• 100 g омекнат путер
• 90 g шеќер
• 2 жолчки
• семки од едно стапче ванила
• 2 супени лажици инстант кафе
(растворено во 50 ml жешка вода)
• 2 белки
• 50 g брашно
• 50 g пченкарно брашно
• 1/2 кафена лажичка прашок за
печиво
За сосот:
• 250 ml сок од портокал
• 50 g шеќер
• 1 прстофат цимет
• 20 ml ликер од портокал
За преливот:
• 200 ml изматен шлаг за украсување
Друго:
• 6 чиничиња или чашки намачкани
со путер
Метод:
Изматете ги заедно путерот, ше'ерот,
жолчките, семето од стапчето ванила,
а потоа измешајте ги со раствореното
кафе. Изматете ги белките. Просејте
ги брашното, нишестето и прашокот за
печиво низ сито и додајте ги во
мешавината во слоеви со белките и
промешајте. Ставете ја мешавината
во чиничиња или чашки намачкани со
путер.
• Време во апаратот (мин): 40
• Ниво на решетка: 2
По печењето:
Ставете ги сокот од портокал,
шеќерот, циметот и ликерот од
портокал во тава и варете додека не
се направи сируп. Превртете ги
топлите тортички на чинија за десерт,
украсете со сосот и шлагот.
7.4 Торта со моркови:
Состојки за мешавината:
• 150 ml сончогледово масло
• 100 g кафеав шеќер
• 2 јајца
• 75 g сируп
• 175 g брашно
• 1 кафена лажичка цимет
• 1/2 кафена лажичка мелен ѓумбир
• 1 кафена лажичка прашок за
печиво
• 200 g ситно изрендани моркови
• 75 g суво грозје
• 25 g мелен кокос
Состојки за преливот:
• 50 g путер
• 150 g крем-сирење
• 40 g шеќер во кристали
• мелени лешници
Друго:
• Тркалезен плех за печење со
дијаметар од 22 cm со калап што се
отвора, подмачкан
Метод:
Изматете ги заедно сончогледовото
масло, кафеавиот шеќер, јајцата и
сирупот. Во смесата полека додајте ги
и другите состојки. Ставете ја смесата
во подмачканиот плех за печење.
• Време во апаратот (мин): 55
• Ниво на решетка: 3
По печењето:
Изматете ги путерот, слатката павлака
и шеќерот во кристали (ако е потребно
додајте малку млеко за лесно да се
нанесува). Нанесете го врз колачот
кога ќе се излади и посипете мелени
лешници одозгора.
МАКЕДОНСКИ 17
Commenti su questo manuale