путерот во тавче и испржете ги
парчињата месо. Потоа ставете ги во
тава за ѓувеч. Излупете кромид и
ситно исечкајте го, пропржете го на
малку путер, а потоа ставете го во
тавата врз месото. Измешајте темно
пиво, кафен шеќер, доматно пире и
говедска супа, ставете го сето тоа во
тавче и оставете да зоврие. Потоа
истурете врз месото (месото треба да
е прекриено). Поклопете го и ставете
го во рерна.
• Време во апаратот (мин): 120
• Ниво на решетка: 3
4.2 Маринирано говедско:
За 4 лица.
Состојки:
• 1,5 kg парче говедско
• сол
• црн пипер
• супа од зеленчукот од маринадата
За подготвување на маринадата:
• 1 l вода
• 500 ml вински оцет
• 2 кафени лажички сол
• 15 зрна црн пипер
• 15 зрна боровинки
• 5 ловорови листа
• 2 снопчиња зеленчук за супа
(морков, праз, целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а потоа
оставете ги да се изладат.
Истурете ја маринадата врз
говедското да го прекрие и оставете го
да се маринира 5 дена.
Метод:
Извадете го парчето говедско од
маринадата и исушете го. Зачинете со
сол и црн пипер и запржете го од сите
страни во тавче, па додајте малку супа
од зеленчук од маринадата. Ставете
малку маринада во тавата за печење.
Долниот дел од месото треба да биде
потопен во 10 -15 mm течност.
Покријте ја тавата за печење со капак
и ставете ја во рерната.
• Време во апаратот (мин): 150
• Ниво на решетка: 1
4.3 Месен ролат:
За 4 лица.
Состојки:
• 2 парчиња сув леб
• 1 кромид
• 3 супени лажици сечкан магдонос
• 750 g мелено месо (мешавина од
јунешко и свинско)
• 2 јајца
• сол, црн пипер и црвен пипер
• 100 g тенки парчиња сланина
Метод:
Натопете ги парчињата леб во вода и
потоа исцедете ги. Излупете го
кромидот и ситно исечкајте го, потоа
динстајте го додека не пушти вода и
додаjте го исечканиот магдонос.
Измешајте ги заедно меленото месо,
јајцата, исцедените парчиња леб и
кромидот. Зачинете со сол, црн пипер
и црвен пипер, ставете го во
правоаголен сад за печење и покријте
го со парчињата сланина. Додајте
малку вода и ставете го јадењето во
рерната.
• Време во апаратот (мин): 70
• Ниво на решетка: 1
4.4 Свинска коленица:
За 4-6 лица.
Состојки:
• 1 задна свинска коленица 0,8-1,2 kg
• 2 супени лажици масло
• 1 лажичка сол
• 1 кафена лажичка благ црвен пипер
• 1/2 кафена лажичка босилок
• 1 мала конзерва сечкани печурки
(280 g)
• супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
• вода
Метод:
Засечете ја кожата околу целата
коленица. Измешајте масло, сол,
пипер и босилок и со мешавината
намачкајте ја свинската коленица.
Ставете ја свинската коленица во тавa
за печење месо и одозгора
распоредете ги печурките. Додаjте
супа од зеленчук и вода; долниот дел
треба да биде потопен во 10-15 mm
www.aeg.com6
Commenti su questo manuale