Загрејте го маслиновото масло и
испржете го месото кратко (околу 30
секунди) од обете страни. Оставете го
малку да се излади. Ставете го месото
со маслото (она што сте го користеле
за пржење) и сите други состојки во
вакуум вреќичка, вакумирајте и
гответе. За сосот загрејте го путерот,
додајте ги кромитчињата и динстајте
на тивко додека не омекнат; додајте го
виното и бујонот. Намалете го сосот
количински на половина. Додајте го
кремот и мешајте со миксер и ставете
го повторно да се готви. Откако
месото ќе се зготви, извадете ја
вреќичката, додајте го сосот од месото
во сосот и малку зачини. Ставете го
месото во магдоносот и исечете на 4
парчиња. Ставете го месото на чинии
и додајте сос. Посипете со сол и
крупен црн пипер. Телешкото филе
може да се послужи на пр. со млад
зеленчук и пире.
• Време во апаратот (мин): 60
• Ниво на решетка: 3
17. ЗЕЛЕНЧУК
17.1 Моркови со ванила:
За 4 лица.
Состојки:
• 400 g моркови, излупени
• 1 стапче ванила, исечено по
должина
• ½ портокал, сокот и кората
• 1 кафена лажица путер
• ½ кафена лажица сол
• ½ кафена лажица шеќер
• ½ кафена лажица мелен бел пипер
Метод:
Исечете и морковите на тенки
парчиња (1 – 2 mm) и измешајте ги со
сите други состојки. Ставете ги рамно
во вакуум вреќичката, вакумирајте и
гответе. Морковите со ванила може да
се послужат на пр. со риба или морски
ракчиња.
• Време во апаратот (мин): 40
• Ниво на решетка: 3
18. ОВОШЈЕ
18.1 Јаболка:
Состојки:
• 2 зрели јаболка, средна големина
• 1 анасон
• 1 стапче ванила, исечкано на
парчиња
Метод:
Измијте ги и излупете ги јаболкате.
Исечете ги на четири или осум
парчиња и извадете го јадрото.
Ставете ги јаболкате во вакуум
вреќичка и додајте го анасонот и
стапчето ванила. Вакумирајте и
гответе. Јаболкате можа да се
послужат топли или студени, со
англиски крем или сладолед.
• Време во апаратот (мин): 20
• Ниво на решетка: 3
18.2 Круши во црвено вино:
Состојки:
• 2 зрели круши, околу 300 g
• 2 чаши црвено вино, околу 300 ml
(на пр. Cabernet Franc)
• 1 кафена лажица шеќер
• 1 прстофат цимет, 1 каранфилче -
по избор
Метод:
Ставете го виното во тенџере и варете
го сѐ додека не стане погусто и не се
намали на половина од количината
(околу 8-10 минути на висока
температура), а потоа оставете го да
се излади. Измијте ги и излупете ги
крушите, исечете ги на половина и
извадете ја кората. Ставете ги сите
состојки во ќесе со вакуум.
Вакумирајте и гответе. Јадењето
круши во црвено вино може да биде
послужено топло или ладно, со
Англиски крем или сладолед.
• Време во апаратот (мин): 15
• Ниво на решетка: 3
www.aeg.com32
Commenti su questo manuale